Едно машко лице починало, а девојка е повредена попладнево во несреќа со скутер во водите на охридското езеро.
Околу 17.30 часот на околу еден километар од брегот, во близина на струшкото село Калишта, во несреќа со скутер едно лице загинало, а едно е повредено, јави Охридњуз.
Очевидци цеднаш притрчале да помогнат, а веднаш дошла и полицијата и брза помош. Едното лице – машко било починато додека девојката се бори за живот и е пренесена во болница, пишува порталот.
На местото на несреќата во тек е полициски увид кој треба да ги разјасни причините за трагедијата. Ова е вече 5 инцидент поврзан со скутери во водите на охридското езеро за само една недела.
Според порталот press 24 а повредена е естрадната ѕвезда Биг Мама.