Вчера во сообраќајна несреќа почина трактористот Ванѓел И. (75) од Ново Коњарево. Незгодата се случила во раните утрински часови, во 06.20 наутро, на земјениот пат во правец Ново Коњарево – с.Бајково.
Тракторот ИМТ 539, управуван од Ванѓел, на угорнина почнал да се враќа назад, по што се превртел и паднал во трап од десната страна на патот.
Во незгодата трактористот се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал веднаш на самото место.
Полицијата, јавен обвинител и истражен судија извршија увид не местото за да се откријат причините поради кои дошло до несреќата. Се уште се непознати причините, зошто тракторот почнал да се враќа назад.
Извор: ТВ Вис