Две лица загинаа во хеликоптерската несреќа во централен Лондон. Хеликоптер се урна во близина на железничката станица во централниот дел на градот.
По истрагата се утврдило дека со хеликоптерот управувал искусен пилот Пит Барнс (50), кој работел во големи филмски хитови.
Барнс работел за фирмата „Ротомоушн“, а во филмот „Умри друг ден“ го возел хеликоптерот со кој требало да управува ликот на Џејмс Бонд.
Покрај тој филм, Барнс пилотирал и во продолжението на филмот за Лара Крофт (Ограбувач на гробници II), како и во „Спасувајќи го војникот Рајан“.
Покрај Барнс, загинал и пешак кој се нашол во близина на местото на несреќата, а 12 лица се повредени.