Лицето кое загинало во сообраќајна несреќа кај Кукуш, е грчки државјанин, јави Канал 5. Првично беше објавено дека се работи за Македонец, бидејќи автомобилот со кој излетал од патот во бездна, е со македонски регистарски таблички.
Сепак се работи за такси возило, кое го управувал таксист од Македонија.
Македонскиот државјанин кој го возел таксито, успеал да се извлече од возилото и да повика помош. Тој е во добра состојба.