ЗАГРОЗЕН ЖИВОТОТ НА ШЕР: Ја дрогираат и ѝ го перат мозокот?


Странските медиуми објавија текст во кој се тврди дека пејачката Шер ја дрогира и и го пере мозокот нејзина блиска личност.

Како што пишува во пораките кои пристигнале од анонимна личност, Шер е под контрола на една личност поради која неодамна имала и нервен слом.ser-foto-profimedija-1458036477-864229-724x400

Портпаролот на славната актерка ја демантираше приказната на порталот „Radar Online“, но тие наведуваат дека го знаат и името кои го загрозува животот на ѕвездата.

„Шер е како маѓепсана. Таа мисли дека таа личност и ја зборува вистината и дека не може да повреди некого. Шер пие таблети, а не ни знае што пие“, пишува во една од пораките.

Во следната порака се наведува како Шер би можела да заврши како пејачката Селена која пред 21 година уби еден нејзин обожавател.

„Лошо ми е бидејќи цела оваа приказна се сокрива. Ја знаете приказната за Селена. Ова е исто, немојте да мислите дека не е “, заклучила личноста која ги пратила овие пораки.

Меѓутоа портпаролот на пејачката тврди дека ништо од наведеното не е вистина и дека целата приказна со пораките е потполно измислена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1