Занемев кога ја слушнав пресудата. Вака 75 годишниот Иван Миловановиќ од Пожега, Србија ја коментира пресудата со која убиецот на неговата 56 годишна ќерка Милан Радовановиќ (35) е осуден на 3 години затвор.
Радовановиќ во август минатата година до смрт ја претепал 56 годишната Милена Симовиќ со која живеел во вонбрачна заедница откако ја опцула неговата мајка. Од тешките повреди жената утредента починала во болница.
Тој најавува жалба на пресудата.
Судот и обвинителството се воздржуваат од коментари.