Започна судењето на Џон Тери за расизам



Во судот во Вестмистер, Англија, започна судскиот процес против играчот на Челзи Џон Тери, кој се товари за обвинение дека на расна основа го навредил помладиот брат на Рио Фердинанд, играчот на Вест Хем Антон Фердинанд.

Во следните четири дена колку што ќе трае судскиот процес ќе се знае дали капитенот на Челзи е виновен или ќе биде ослободен од ваквите обвиненија. Поради ваквите испади на дефанзивецот, Џон Тери остана без капитенската лента во тимот на „гордиот албион“ на изминатото ЕП во Полска и Украина. Истата му беше доделена на Стивен Џерард. За сличен случај, фудбалерот на Ливерпул Луиз Суарез беше казнет со забрана за игра на осум натпревари во Премиер-лигата, а беше приморан да плати и парична глоба од 40,000 фунти.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1