Заработиле милион долари бидејќи „случајно“ имаат „погрешна боја“ на кожата.


Група црни и хиспано деца од Филаделфија ќе поделат повеќе од милион долари отштета поради расна дискриминација. Градски пливачки клуб им забранил влез во базенот поради бојата на нивната кожа. Станува збор за 73 деца, нивните родители и организаторите на детскиот камп.

Никому неможе да му биде ускратено правото да го користи базенот поради бојата на кожата – изјавил помошникот државен обвинител Томас Перез.

Инцидентот се случил во 2010 кога група деца од Филаделфија преку кампот ,, Кретивни чекори,, дошле на базен во Вели клубот.

Веднаш чим стасале се чуле расистички навреди, а само по неколку дена клубот им го откажал понатамошното сместување на децата и го раскинал договорот така што им ги вратил сите пари. Клубот тогаш изјави дека децата ги вратил дома зошто немале доволно спасувачи за 65 деца, од кои повеќето не знаеле да пливаат.

Tags: , , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1