Затруени 25 вработени од фабриката „Леар“


Затруени се 25 вработени од фабриката „Леар“, во ТИРЗ Тетово. Првите знаци на труење најпрвин добиле четири лица. Тие утринава појадувале салама и паштета. За кратко почуствувале симптоми на гадење, вртоглавица, повраќање. Побaрале помош од Брзата помош во Тетово, која веднаш со свои екипи пристигнала во кругот на фабриката.

– Ние веднаш интервениравме кај четворица пациенти во фабриката „Леар“. Им дадовме соодветна терапија, и потоа ги препративме на инфективното одделение. Потоа дојде група од неколку лица во Брзата Помош во Тетово кои имаа симптоми на труење, но и тие откако им укажвме помош за кратко се пуштени на домашно лекување , рече Гзим Нуредини началник на Брза помош Тетово.

Дел од затруени директно побaрале помош и на инфективнот одделение при Клиничката болница во Тетово. Откако таму примиле соодветна терапија пуштени се на домашно лекување.

И во март во фабриката „Леар“ од јадење, беа затруени околу 220 вработени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1