Земјата се поместува: Ќе има неколку силни земјотреси – еве каде се предвидуваат


,,Земјата има насобрано колосална енергија, која е способна да предизвика не само еден, туку неколку силни земјотреси. Очекуваме дека тоа ќе се случи во следната година и пол,,

Според Тихонов, земјотрес со магнитуда од 8 и повеќе, најверојатно ќе се случи од јануари 2016 до февруари 2017 година во пределите на островот Уруп, во јужниот дел на Курилските острови. Имено тука се наоѓа зоната на сеизмичко затишје. До 2018 година големи земјотреси со магнитуда од 7.7 се очекува во пределите на северните острови на Курили. Освен тоа, удар со стихија од 6-7 степени според Рихтеровата скала до крајот на следната пролет е можен во јужниот дел на Сахалин.zemjotres-nepal

Во последно време во подрачјето на Курилите, на Камчатка и на Хокаидо практично не постоеше сеизмичка активност. Имено ова и беше сигнал за истражувачите. „Минатата година, како и шесте претходни, за чудо беше сеизмички смирена. Ваквото затишје значи дека во длабочините на Земјата има насобрано колосална енергија, која е способна да предизвика не само еден, туку неколку силни земјотреси. Очекуваме дека тоа ќе се случи во следната година и пол“, вели за „Руска реч на македонски“ Иван Тихонов, шеф на лабораторијата за сеизмологија на Институтот за морска геологија и геофизика.

Може ли да се спречи катастрофата?

За да ги потврдат своите резултати научниците искористиле 8 различни методи за прогнозирање земјотреси. Меѓу нив е, на пример, методот LURR на кинеските сеизмолози, со кој се зема предвид дејството на гравитациските сили на Месечината и на Сонцето врз притисокот на Земјината кора. Исто така се користени и сеизмичките истражувања на јапонскиот сеизмолог Кијо Моги. Според овој метод во текот на неколку години пред силен земјотрес во неговата срцевина можат да се забележат сеизмички активности. Освен тоа, применети се и истражувањата на гигантските струјни текови во атмосферата и многу други.

Сите методи ја потврдиле загрижувачката прогноза. Впрочем, веројатност за грешка сепак постои. „Земјотресите се случуваат длабоко под земјата, а научниците можат да ги користат само резултатите од надземните истражувања. Тоа е исто како кога синоптичарите на располагање би ги имале температурите само од дупките на кртовите“, смета главниот научен соработник на Институтот за теорија на прогнозата на земјотресите и за математичка геофизика Михаил Родкин.

mk.rbth.com

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1