Во кризата и текот на љубовта се промени. Неверојатно звучи податокот дека се повеќе современи мажи се подготвени да се оженат за пари, дури и ако идната невеста е многу повозрасна, досадна и не со многу привлечен изглед.
Резултати од анкета спроведена во Велика Британија покажува дека се повеќе мажи се одлучуваат да бидат спонзоруши.
Наместо со бизнис или барање на пристојна работа за нив полесен начин да се дојде до пари е токму одлуката да се занимааваат со оваа професија.
Студијата покажува дека и дамите стануваат се повнимателни при одлуката да стапат во брак, па така дури 29 отсто од британките бараат потпишување на предбрачен договор.
-Се стекнува впечаток дека припадниците на посилниот пол, како никогаш досега, повеќе се водат со главата наместо со срцето. Дојде време кога и мажите бараат финасиски ситуирана партнерка, со која би можеле да имаат стабилен живот, се наведува во истражувањето.
Фактор.мк