Жените се палат на „лоши“ момци


 

Научниците од Универзитетот Британска Колумбија направиле истражување основа на стотина фотографии оценувана e привлечноста од спротивниот пол. учествувале околу 1000 возрасни испитаници.

Резултатите покажале – жените „паѓаат“ на ароганција, а мажите на насмевка!

Експертите се обиделе да утврдат и зошто жените не можат да им одолеат на „лошите“ момци што е случај со околу 65 % од жените.

Мажите пак од друга страна, ги привлекуваат жени кои оставаат впечаток на личност која е среќна и задоволна со својот живот, а најмалку се заинтересирани за оние жени кои “пукаат“ од самодоверба.

“Жените ги привлекуваат горди мажи кои имаат мала доза на ароганција затоа што тоа испраќа порака за добар статус во општеството и ги прикажува како доминантни во друштво, како потенцијално добри партнери, но и добри родители. Мажите кои се насмеани оставаат впечаток на аутсајдери, како на некој начин да покажуваат дека не се доминантни, а тоа жените не го сакаат“ – вели водачот на истражувачкиот тим.

Мажите реагираат сосема спротивно, нив повеќе ги привлекуваат жени со широка насмевка на лицето и ведрина во погледот, а исто така голема улога игра и љубезноста

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1