Женски тим од Саудиска Арабија на Олимпијада


 

По повеќемесечниот притисок од Олимпискиот комитет, Саудиска Арабија и официјално им дозволи на жените спортистки од оваа земја да бидат дел од Олимпијадата во Лондон оваа година.

“Кралството на Саудиска Арабија сака да ја потврди својата поддршка за значењето на олимписките игри и она што го гаи оваа спортска манифестација, а тоа е пријателството, посебноста, взаемната почит,, со овие зборови амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон ја објави одлуката дека женски тим од оваа земја ќе биде дел од олимписките игри.

Одлуката доаѓа по неколкумесечниот притисок од страна на меѓународниот олимписки комитет кој барасе од оваа земја да им дозволи на жените да се натпреваруваат.

Уште во март комитетот најави дека преговорите одат во добра насока но сега одлуката е официјална.

Досега жените од Саудиска Арабија не смееа да учествуваат бидејќи натпреварите се одржуваат пред мешана публика во која има и мажи.

Сепак во соопштението стои дека ќе учествуваат оние жени кој ќе се квалификуваат, па прашање е колку ќе успеат да се подготват за волку кусо време.
Dalma Ruždi Malhas, е прва жена од оваа земја која учествувала на младинската олимпијада и се олекува ис ега да е во тимот. Спортистка родена во САД во 2010 освои бронза во Сингапур но не ја номинираше Судиска Арабија туку ќе учествува по покана на  MOK.
Минатата година организацијата “Hjuman rajts voč” објави извештај во кој вели дека  Саудиска Арабија ги затворила дури и приватните фитнес центри за жени, а ниту во училиштата нема физичко за девојчињата – за да не се ширел неморалот.

Жените во Саудиска Арабија не смеат да:
– возат
– гласаат
– бидат на јавна функција

Со согласност на ,, чуварите,, можат да:
– се омажат
– да ја напуштат земјата
– одат на училиште
– отворат сметка во банка

Tags: , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1