Жерновски: Ќе ја урнеме терасата на ВМРО-ДПМНЕ и се што е дивоградба во Центар


Законите во општина Центар ќе се применуваат, рече денеска на прес конференцијата, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и нагласи дека терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба и таа ќе се урива.Andrej-Zernovski2

„Завчера добивме документ од Министерството за транспорт и врски, од кој се гледа дека второстепената комисија ја уважила жалбата да ГП Бетон само за да го спречи она што го најавивме. Ќе почекаме ова да заврши, но ве уверувам дека докрај ќе ја истераме одлуката.

Во Општина Центар Законот ќе се почитува и ќе уриваме се што е дивоградба. Бевме доволно конструктивни за таму да нема сцени за уривање, дадовме рок, но ако така сака градежното претпријатие и ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе го примениме законот до крај, рече Жерновски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1