Животот во полиција и бил хорор – Инспекторката која се самоуби оставила проштално писмо


Аница Митровиќ, инспекторка во полицијата во Ниш која неодамна се самоуби, оставила проштално писмо во кое ги наведува причините за самоубиството:Screenshot_159

„Проблеми на работа: секој ден бев шокирана од ’големиот шеф’ Дејан Јовановиќ, трпев навреди, ’тивко е… не е’, што би рекол тој. Ме нарекуваше со различни погрдни имиња, зборуваше најлошо за мене, секако кога не бев тука, зад грб. Изгледа се угледал на својот водич Дејан Анѓелковиќ, човекот кој нема свест и морал. Ги лечеше сите комплекси на нас, не навредуваше, не понижуваше, не шиканираше. Ниту мене не ме заобиколи, но подобро да го трпам сето тоа отколку да бидам негов полтрон, како некои. Мобингот кој го вршеше над нас е невиден. Луѓето поради него се разболуваа, одеа на боловање, бидејќи не можеа да ја поднесат тортурата! Исто како и Дејан Јовановиќ! Но фотелјата и власта се најважни, зарем не?“, напиша во прошталното писмо 32-годишната инспекторка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1