Жртви на измама поверувале дека ќе врнат пари од небо?!


Тројца измамници убедувале луѓе дека можат да предизвикаат неверојатна појава – феномен-да врнат пари од небо, а за да го наговорат „Господ бог да им помогне„ во замена барале 10 илјади долари.

Полицијата го потврдила овој инциденд и дека успеала да ги фати тројцата измамници кои успеале своите жртви да ги убедат дека ќе им помогнат да се збогатат такашто ќе предизвикаат дожд од пари кој ќе им донесе дури 18 милиони американски долари.

Измамниците на наивните луѓе им тврделе дека ја познаваат тајната на магијата, а во замена за услугата бараат 10 илјади долари за да ги покријат трошоците.

Групата лажливци биле фатени во моментот кога полицаец на тајна задача им го предал бараниот износ, а веднаш потоа во станот влегле и неговите колеги и ги уапсиле крадците.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1