Канадската рударска компанија ”Avala risorsis” пронашла 48 тони злато на Црн врв.
Компанијата за истражувањата на планината кај Бор вложила 45 милиони долари и парите им се исплатеа. На лежиштето “Bigar Hil” има околу 38 милиони тона руда, а канаѓаните откриле дека секој тон има најмалу 1,3 грама злато.
Компанијата се надева дека ќе може да извлече околу 1.500.000 унци или 48 тони злато. Своето истражување го прошириле и на уште 2 локалитета ”Korkan” и ”Kraku pešter”,
Фирмата работи на Црн врв од 2010.