Фото: 50 степени, невреме, урнат ѕид – Денот 10 јули во Македонија – сумирано


 

 

Прво измерени 50 степени во центарот на Скопје, потоа делови од градот зафатени со невреме – силен ветар, невреме, откорнати дрвја и поплави и во Штип. Накратко топ насловите во Македонија кои го одбележаа денешниот ден – 10 јули 2012 година .

 

Видео: Големо невреме во Штип вечерва – поплави и откорнати дрвја

Големо невреме, силни електрични празнења, дожд и ветер во реонот на Штип вечерва. Според информациите градските улици се поплавени, има неколку паднати дрва, а поплавени биле и куќи. Оваа фотографија кружи на социјалната мрежа – сликана вечерва во Штип.

 

Во Скопје измерени 50 степени – фотографија сликана на рекорд во Скопје која за многу кусо време ги обиколи социјалните мрежи –

Скопјани во чудо, надлежните велат поставените мерачи на темература во градот не секогаш ја прикажуваат вистинската температура.

 

Се урна потпорниот ѕид на Водно – 10 семејства евакуирани

По лизгањето на земјиштето кое резултираше со комплетно оштетување на потпорниот зид на Водно десетината семејства кои беа евакуирани. 10 метарскиот ѕид се урнал денеска околу 13 часот и паднал врз две згради на улицата Салвадор Аљенде.

 

Фото: 15 старешни на АРМ повредени во сообраќајка кај Штип

Во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, попладнево околу 17 часот, повредени се 20 луѓе од кои 15 старешини на АРМ, јавува дописникот на „Вест“ од Штип.

 

Видео/Фото: Невреме во Скопје – сеспоија небо и земја

Попладнево после најтоплиот ден во градот скопјани ги изненади силно невреме. Силен ветар, грмотевици и електрични празнења над небото во Скопје.

 

11 год девојче од Тетово повредено од скутер во Струга

На машката плажа во Струга скутерџија со предниот дел од моторот удрил во 11 годишно девојче од Тетово кое си играло на плажата. Скутерџијата избегал од местото и го оставил скутерот во вода.

Соларната активност на високо ниво

Сонцето во моментов е во интензивен еруптивен период, масивни и силни исфрлања на коронална маса која може да предизвика последици на земјата доколку нашата планета им се најде на патот. Засега нема знаци дека овој период на сонцето ке престане.

 

Среде бел ден прободена и убиена жена во Струга

78 годишна стружанка попладнево е убиена на само неколку метри од нејзината куќа. Била избодена неколкупати во пределот на грбот.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1