Видео: Големо невреме во Штип вечерва – поплави и откорнати дрвја


Големо невреме, силни електрични празнења, дожд и ветер во реонот на Штип вечерва. Според информациите градските улици се поплавени, има неколку паднати дрва, а поплавени биле и куќи.

Оваа фотографија кружи на социјалната мрежа – сликана вечерва во штипско, автор на фотографијата е Душан Стојчев од think.mk. Според штипјани кои пишуваат на социјалните мрежи ветрот бил толку силен што се оштетени и кровови од куќи. Имало и прекин на електричната енергија.

Видеото е поставено вечерва – на него се гледаат поплавените улици во Штип. Екипите на јавните претпријатија се на терен.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1