Џина Рајнхарт е на добар пат да стане најбогатата личност на светот. Џина е позната низ медиумите како единственото дете на починатиот рударски магнат Ленг Хенкок, од кого во 1992 година наследила три четвртини од гигантската компанија Хенкок Проспектинг. Но, зошто никој не ја сака?
Благодарение на зголемувањето на цената на минералите, Џина Рајнхарт во 2006-та година стана првата жена милијардер во Австралија, а минатата година компанијата Ситигруп проценила дека нејзиното богатство наскоро ќе биде поголемо и од богатството на Бил Гејтс и Карлос Слим, пишува BusinessInsider.com. 58-годишната Рајнхарт до неодамна го држела својот приватен живот настрана, а кога станала јавна личност го претрпела бесот заради своите радикални ставови.
Еве зошто многу луѓе не ја сакаат.
1.Ги провоцирала сиромашните работници Џина Рајнхарт неодамна изјавила „тие што се љубоморни на богаташи не треба само да седат и да се жалат, туку да направат нешто за да заработат повеќе пари“. Додала и дека тие луѓе треба помалку да пијат, пушат и излегуваат, а повеќе време да поминуваат работејќи. Со оваа изјава таа испровоцира многубројни луѓе од работничката класа што живеат од плата до плата.
2. Би ја намалила платата на рударите на 2 долари дневно?! Рајнхарт во една прилика изјавила дека на австралиските рудари треба драстично да им се намалат дневниците за да станат покомпетитивни во индустријата, особено заради афричките рудари што работат за 2 долара дневно. Кога ваква изјава ќе дојде од устата на личност што на секој половина час заработува по 1 милион долари, не зачудува зошто ни рударите не ја сакаат.
3. Прогнозирала дека Австралија ќе се подели Богатата наследничка се обидела и во пишување на проза заради што ја растргнале на медиумите. Ја повикале заради граматички и правописни грешки и непознавање на интерпункциски знаци, а и поради тоа што во една своја поема опишала како таа ќе ја подели Австралија на два дела.
4. Не верува во глобалните климатски промени Најбогатата жена на светот не верува во промена на климата, и верува дека владиниот данок за јаглерод диоксид е потполна бесмислица и залудно трошење на пари. „Јас се уште ги чекам научните докази што ќе ми покажат дека многу малку јаглерод-диоксид може да влијае на промената на глобалната клима. Што порано го укинеме данокот за CO2, толку порано ќе престанеме да трошиме пари за глупости“, рекла во една прилика.
5. Сакала да купи медиуми што ќе и го обелат образот 2010 год. Џина Рајнхарт потрошила 285 милиони долари за да купи удел во компанијата Fairfax Media која е сопственик на водечките австралиски весници и радио станици. Медиумите тогаш пишувале дека тој потег го направила за да може медиумите да ја покажат во подобро светло. Од Fairfax Media барала да откупи три места во извршниот одбор, што би и дало можност да дели откази на уредниците. Таа понуда за конец била одбиена, па оттогаш се труди да се отараси од сите акции што и преостанале.
6. Ја обвинила маќеата за убиство врз татко и И нејзиниот приватен живот бил исполнет со контроверзи. Откако починала мајка и, нејзиниот татко се венчал со нивната куќна помошничка, која Џина подоцна ја обвинила за убиство врз татко и, па дури и сочувала неколку негови органи за понатамошната истрага што ја очекувала. Иако бившата куќна помошничка три месеца по смртта на Хенкок се превенчала и тоа за неговиот најдобар пријател, истрагата покажала дека милијардерот сепак умрел од природна смрт.
7. Има полусестра Абориџанка? Може да кажеме дека ни таткото на Џина баш не го сакале и тоа најмногу заради неговите расистички ставови. Отворено ја покажувал својата нетрпеливост према Абориџаните, а можно е да имал и вонбрачно дете. Хилда Тикет тврди дека Ленг Хенкок е нејзиниот татко и пренесува дека таа изјава може да ја потврди со ДНК докази.
8. На суд е со три деца од своите четири деца Освен што граѓаните на Австралија не ја сакаат, ниту медиумите, Џина Рајнхарт има лоши односи и со сопствените деца. Откако почина татко и таа била главен управител на фондот што Ленг Хенкок го остави на своите внуци, но кога било договорено дека неговите внуци ќе добијат пари од фондот за 25-тиот роденден на најмладата ќерка на Џина, таа одлучила да го продолжи отворањето на фондот се до 2068 година! Тоа би значело дека таа ќе има надзор над фондот се до својата 114 година. Затоа три од нејзините четири деца поднеле судска тужба против неа.