Америка ќе размисли двапати пред да ги поддржи Исламските радикали (Видео)


,,САД со децении ги финансираше исламските групи низ целиот свет и смртта на американскиот амбасадор во Либија, е само уште еден пример за тоа како милитантите поддржани од стрна на радикалната исламска идеологија на крајот ќе го сврти своето оружје против нивните патрони во Вашингтон.,,

Неодамнешните појави на насилни анти-американски протести во муслиманскиот свет, ќе ги примора американските политичари да размислат пред да ги поддржат американските радикали, смета политичкиот аналитичар и екс припадник на џихад, Тавфик Хамид. САД со децении ги финансираше исламските групи низ целиот свет и смртта на американскиот амбасадор во Либија, е само уште еден пример за тоа како милитантите поддржани од стрна на радикалната исламска идеологија на крајот ќе го сврти своето оружје против нивните патрони во Вашингтон.
Во таа насока Хамид верува дека идејата за соборување на Сирија и Сирискиот претседател Башар Асад и негова замена со бунтовниците, кои е познато дека имаат поврзаност со Ал Каеда, повеќе не треба да изгледа како победничка идеја на Западот. Го пренесуваме неговото интервју за телевизијата RT.

Што мислите за настаните што се случуваат во моментов во арапскиот свет?

Тавфик Хамид: Гледам израз на радикализам во форма на напаѓање амбасади и убиство на амбасадори и изразување на радикално насилно размислување и дејствување во последните неколку децении во муслиманскиот свет. Се изразува во форма нешто слична на она што се случуваше во Авганистан. Се базира на истото размислување, да се прифати насилството за да се потиснат другите кои што размислуваат поинаку, со цел да ги спречат да го искажат своето мислење, кое што го сметаат за навреда.

Дали сметате дека ваквите насилства се карактеристични за земји кои што се во фаза на транзиција?

Основната причина се верските принципи, така што секој кој што зборува лошо за пророкот Мухамед мора да биде убиен, нешто што го нема во Куранот, но тоа е едно од главните верувања во некои исламски книги. Исто така вишокот на љубов кон пророкот Мухаме ги прави муслиманите да се чуствуваат дека имаат обврска да го бранат доколку некои го навредуваат. Особено според исламската традиција, грешниците одат во пеколот и само Мухамед е оној кој што може да се заложи за да ги извади одтаму и да ги однесе во рајот. Тоа е залагањето на пророкот Мухамед. Значи постои прекумерено емоционално чувство кон пророкот Мухамед.
Ова е основниот фактор. Но, постојат и други причини. На пример во Египет имате улога на еден Есам Шараф, еден од поранешните премиери по револуцијата, кој всушност прослави еден млад човек кој го зема знамето на израелската амбасада и го изгоре додека толпата ја опколи амбасадата. Есам Шараф всушност го прослави младото момче по медиумите. Тоа претставува многу лош пример.

Многу луѓе па дури и американските официјални претставници велат дека ова е однапред планиран напад и дека филмот може нема никаква врска со нередите. Дали се согласувате со ова?

Постои и таква можност. Не можам да негирам дека таа е една од можностите. Но, исто така, постои можност овој филм да поттикнува прекумерена омраза и желба за насилство против САД. Во тој случај, нападот може лесно да се изведе. Таму има добро обучени борци со оружје, а постои и добра снабденост со артилерија.

Групите кои ја нападнаа американската амбасада беа финансирани и обучувани од страна на САД – во некои случаеви – за време на револуцијата во Либија. Дали мислите дека САД не го предвиде сето ова? Особено по она што се случи во Авганистан во 1970-те до 1980-те години, откако сега и можеме да ги видиме резултатите со талибанците?

Мислам дека луѓето слабо учат од грешките во историјата. Тоа е еден од проблемите со луѓето. Мислам дека се водени од совети, без притоа да ги разберат суштинските проблеми како културата и менталитетот на верските работи. Некои од либиските радикали, кои најверојатно беа поддржани од НАТО, може да имаат пристап до оружје, затоа што кога Гадафи и целиот систем се распадна, истите имаа лесен пристап до него. Навистина постои голем проблем со тоа како Западот се обидува да ги реши прашањата и проблемите во справувањето со Блискиот Исток.

Дали мислите дека САД ја очекуваа демократијата која што им ја ветија на Либијците и Египјаните и останатите нации во Арбскиот свет и дека токму ова ќе бидат резултатите од демократијата која што тие им ја ветија?

Очигледно не. Државната секретарка на САД Хилари Клинтон, на пример, јасно изјави „Како може ова да се случи во земја во која Америка им помогна да се избори за слободата?“, И тие се навистина шокирани. Американците и НАТО им помогнаа со надеж дека реципрочно ќе им возвратат покажувајќи минимална слобода и почит, но истите тие ја потценија опасноста од радикалниот ислам – нешто слично како што го прават и во Ирак. Главниот фактор на оваа закана всушност претставува идеологијата. Ако не се справите со оваа идеологија, тогаш не можете да ја добиете оваа игра.
Ако се фокусирате само на две работи, демократија и воена моќ, тоа е како да ви објаснам, нешто како кога ќе ги промените гумите на вашиот автомобил и мислите дека решавањето на комплексните електронски компоненти на автомобилот може да се направат исклучиво само со менувањето на гумите. Но, тоа нема да се случи. Вие треба да се насочите кон сосема нова димензија. Треба да се соочите со верската идеологија, без разлика дали ја признавате или не, кога тогаш ќе мора да се соочите со неа.

Многумина ги предупредуваа САД дека милитанците се поврзани со Ал Каеда? Вие пишувавте на таа тема?

Јас сум еден од оние кои што јасно наведуваа дека ако сакате да се спроведе демократијата – избегнувајте го синдромот на „одеднаш демократија“, тоа ќе ги донесе исламистите на власт, а ние ќе страдаме.

Дали би рекле дека САД едноставно не може да ја разбере природата на арапскиот свет? Факт е дека демократијата која што сакаат да ја наметнат е комплетен неуспех во моментов.

Постојат американци кои ги разбираат и луѓе кои не го разбираат проблемот. Зависи од балансот на власта во одредени периоди во историјата кога се носат вакви одлуки. За жал сметам дека одлуките кои што се носеле и носат во моментов не се целосно исправни.

Дали мислите дека САД ќе ја промени својата стратегија со арапскиот свет и со земјите кои што минуваат во транзиција, по сето ова што се случува?

Апсолутно да. Ќе има многумина во Америка кои што ќе почнат да се прашуваат дали отстранувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад, е всушност добра идеја или пак не е. Поддршката на бунтовниците во крајна линија може да ги донесат екстремните радикали на власт кои ќе станат непријатели на САД и ќе можат да извршат напади врз неа. Либискиот пример за убиството на амбасадорот на начин на кој што беше извршен ќе ги примора многумина да размислат двапати пред да ги проддржат бунтовниците против Ал Асад. Не можам да кажам дека играта ќе се промени целосно во тој правец, но можам да кажам дека многумина ќе размислат за прашањето за поддршка на бунтовниците против Ал Асад.

Но, дали тие ќе направат одлука која ќе биде различна од онаа која што ја донесоа нивните претходници. Дали ќе ја преиспитаат нивната стратегија?

Многу е веројатно. Постои 60 проценти можност одлуките да имаат одредени промени и модификации, особено сега кога сириското прашање е жешко. Знам дека ова е политика со која треба да се отстрани Ал Асад, но мислам дека либискиот проблем ќе мора да се реши со гласовите на луѓето, кои во моментов се против тоа.

Како во моментов гледате на односите меѓу САД и земјите кои минуваат низ транзиција, Либија и Египет, особено по најновите протести?

Тоа сигурно ќе создаде нов начин на размислување во односите со овие луѓе. Мислам дека тоа би можело да влијае на американските донации кои завршуваат во Египет. Конгресот на САД треба да им додели 1,000,000,000 долари донации за поддршка на Египет. Верувам дека многумина во Конгресот ќе размислат дали ваквата постапка е соодветна, без гаранции од актуелниот претседател на Египет Мохамед Морси, дека без гаранции тој ќе ги почитува вредностите на демократијата. Овдека во голем дел од општествата демократијата се базира исклучиво на гласачкото ливче, додека на Запад истата се базира на транспарентност, слобода на говор и почитување на малцинствата. Постојат две сосема различни разбирања за истиот збор. На Запад, ваквите вредности се сваќаат на еден начин, додека на некои места низ светот демократијата значи владеење на мнозинството кое што доминира на сметка на малцинството.

Конгресот ќе ја преиспитува својата одлука за помош на Египет, нели е тоа уште еден од предусловите од кои што е изморен Арабскиот свет и дека токму ваквото нешто е причина за нападите?

Мислам дека ако станува збор за донации, истите тие кои што ги даваат парите имаат право да поставуваат и одредени услови за нив. Навистина би било глупаво да дадате пари за нешто кое што на крајот би можело да се сврти против вас и да ви направи штета. Значи кога САД дава одредени донации, фер е да инсистира на одредени предуслови.

Дали сметате дека САД ќе почне да работи на односите со Арапскиот свет, односно со луѓето, а не со владите?

Мислам дека веќе стануваат свесни во борбата со радикалната идеологија. Не можат едноставно да ја игнорираат. Тоа не е едноставно воено решение, или да ја користите демократијата за да го решите проблемот.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1