Опасност од млечни производи


Сте се запрашале ли некогаш зошто луѓето се единствените цицачи кои што го пијат млекото на другите видови? Или пак ваквата работа никогаш не ви паднала на ум? Денешното млеко е напумпано со хормони, има помалку калциум и витамин Д, од останатите извори, предизвикувајќи излив на здраствени проблеми.

Млекото со вкус, има бесконечна количина на шеќер, нешто со кое што луѓето се борат секојдневно. Сваќањето на опасноста на млечните производи и нивното избегнување во што поголема мера може да помогне при елиминацијата на многу здраствени проблеми и успорување на почетокот на пубертетот кај многу млади луѓе.

Денешното млеко содржи околу 60 хормони, безброј алергени, маснотии, колестерол, а постои можност да вклучува и ген за рак. Поголемиот број на луѓе сметаат дека треба да пијат млеко поради јакнење и зацврстување на коските, но и голем број на други јадења содржат безхормонски хранливи работи како спанаќ, брокула, див лосос и бадемово и кокосово млеко.

Растителни извори на витамин Д и калциум, може да се апсорбираат полесно, отколку оние од животинско потекло и се многу поздрави за нас. Една порција сирење, изобилува со натриум и не е премногу значаен извор на калциум. Јогуртите обично содржат голем број на состојки, вклучувајќи токсичен хемиски аспартам. Повеќето луѓе се фокусираат на важноста на овие два витамини, но магнезиумот е исклучителен важен и неопходен за зацврстувањето на коските.

Млекото од соја го имитира естрогенот во женското тело и истиот може да доведе до зголемен ризик од развој на ракот на дојката.
Бадемовото и кокосовото млеко се две одлични алтернативи за кравјото млеко. И двете содржат високи количини на витамин Д. Бадемовото и кокосовото млеко можат да се користат во секојдневните рецепти како замена за кравјо млеко, како што се тостовите, пекарските производи, тестенините и сирењето. Можат да се најдат различни вкусови, како ванила или незасладено темно чоколадо. Млекото е минимално преработено, не содржи заситени масти, вештачки состојки.

Храната денеска не е иста каква што беше порано. Истата е обработена и е хемиски модифицирана. Мораме да се едуцираме и да внимаваме каква храна конзумираме. Треба да бидеме отворени кон нови работи кои се здрави за нас и нашите деца. Важно е да се напомени дека бадемовото и кокосовото млеко не би требало да се дава на доенчиња како замена за мајчиното млеко.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1