Зошто Њујорчани не смеат да пијат кока-кола од голема чаша? Затоа што се дебели!


Со почетокот на септември, градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг во рестораните за брза храна, кафулињата и кината воведе забрана да се продаваат безалкохолни пијалаци во чаши поголеми од пола литро.

Оваа новост ја воведе поради тоа што шеќерот е еден од главните виновници за дебелината на неговите граѓани. Од дебелина годишно умираат 5.800 Њујорчани, а во градот има 700.000 дијабетичари. Поради проблеми со дебелината Америка годишно на лекари и болници троши околу 200 милијарди долари. Градоначалникот во емисијата „Добро утро, Амерка“ им препорача на граѓаните дека од оваа есен може да пијат газирани безалкохолни пијалаци само од мали чаши.

Со оглед на тоа што Американците се најдебела нација во светот, а безграничното пиење на пијалоци со огромни количини на шеќер е причинител за здравствени проблеми, градоначалникот се надева дека со оваа забрана ќе ги доведе до ред своите сограѓани. Инаку Американците се навикнати на големи порции храна и пијалаци. Во ланците за брза храна чаша од 0,6 литри се смета за мала додека чаша од 1,8 литри е мега голема. Ова не е прва акција на Блумберг да ги спасува жителите на Њујорк.

Тој неодамна воведе данок на цигарите, па така сега една кутја чини околу 13 долари, а во 2005 година ги натера рестораните на менито да стават и колку калории има во храната која ја послужуваат.

Tags: , , , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1