Archive | Македонија RSS feed for this section

Уапсен Ламбе Алабаковски – го запалил Културниот клуб во Битола

Пејачот Ламбе Алабакоски е приведен за пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврдуваат извори од МВР. Министерот Спасовски не сакаше официјално да открие дали станува за него, но вели дека самиот го признал делото. Вели дека прегладени биле камерите, не само пред објектот, туку и на други објекти во градот. Извршен е и претрес […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните заслужуваат да живеат во модерни општини!

Како до модерна општина? Кои се светските искуства применливи дома? На овие теми се дебатираше на Меѓународниот Форум на градоначалници што денеска се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, порача дека е неопходна децентрализација на општините, со зголемување на нивните овластувања и степен на одговорност. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Нова емисија ,,СКЕН,, – подземниот град и бункерите во Азовстал

Нова емисија ,,СКЕН,, на порталот на А1он.мк. Се работи за анализи во времетрање од 5 минути и тоа на најактуелните теми. Во првата емисија со наслов Азовстал, со автентични видеа, анимација и графики прикажува што се се наоѓа под Украинската челичана во Мариопол, и анализира што ќе се случува со војниците на Азов-кој 3 месеци […]

______________________________________________________________________________________________________

Браќа и сестри ви носиме радост: Српскиот патријарх ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Аплаузи во соборниот храм Свтеи Климент Охридски, откако Српскиот Патријарх обзнани дека Соборот едногласно прифати автокефалност за МПЦ ОА. Видов пред некој ден и сега радост и љубов во очите на сите вас. Гледам обврска и задача за нас архиереите а тоа е дека вашата љубов и молитви во Белград и овде го надминаа искушението […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани пијат чиста и квалитетна вода – анализа на водата за пиење

Град Скопје и ЈП Водовод и канализација ги информираат скопјани дека, според анализите направени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, пијат чиста и квалитетна вода. Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 зема 186 примероци за физичко-хемиска и […]

______________________________________________________________________________________________________

КСС најави секојдневни протести од 26 април доколку не се исполнат нивните барања

Секојдневни протести од 26 април доколку не бидат исполнети барањња за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ, најави Конфереденцијата на слободни синдикати . Со ваквото зголемување ќе има разлика во платите на вработените со различни квалификации и најниската минимална плата би била 18.200 денари. Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот за станбено […]

______________________________________________________________________________________________________

Отсега слободен влез во земјава: Не треба сертификат за вакцинација

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука на својот фејсбук-профил информираше вицепремиерот на Владата и […]

______________________________________________________________________________________________________

Велики Петок – 22 април неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Велики Петок, петок пред Велигден – 22 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјата. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) Од МТСП, воедно на верниците од православна вероисповед им го […]

______________________________________________________________________________________________________

Законската одредба за недела неработен ден утре пред Уставниот суд

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи. – Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кој бил Ванчо Михајлов – колаборационист на Хитлер и Павелиќ?

По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, Тодор Александров бил убиен (31 август 1924) и раководството на ВМРО го презема Иван Михајлов кој се пресмета со своите противници. Во Благоевград Михајлов ги кани главните македонски дејци на левицата на ВМРО и раководителите на Илинденската организација, и со помош на бугарската војска и полиција ликвидирал […]

______________________________________________________________________________________________________

Анџело Ѓорѓиевски и се предаде на полицијата откако беше објавена меѓународна потерница

По 5 дена бегство уапсен е првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот. Ангело Ѓоргиевски се предал ноќеска по полноќ во полициската станица Аеродром. Тој веднаш е спроведен во истражниот затвор во Шутка, бидејќи за него судот изрече мерка притвор во отсуство. За него беше распишана и меѓународна потерница но според нашите информации тој за […]

______________________________________________________________________________________________________

Началник од граничниот премин Блаце снимен како прима поткуп

Началник на полиција фатен на дело како зема мито од патници за минување на граничниот премин „Блаце“.Случајот во јавноста го обелодени ТВ Клан-Албанија, откако анонимен превозник на патници се пожалил дека услугата што треба да е бесплатна, некои граничари на македонско-косовската граница ја наплаќале по 20 евра од човек. Вели дека имале многу проблеми со […]

______________________________________________________________________________________________________

Се повлекува од Македонија целиот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија

Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче. Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени […]

______________________________________________________________________________________________________

3 години затвор за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“

Три годишната затворска казна за возачот кој ја усмрти нивната ќерка, ги разочара родителите на Викторија. Велат, згрозени биле од одлуката на судијата Љубинка Башевска. „Немам зборови, згрозен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Се уште се бараат одговори за убиството на хрватскиот ракометар

Лекарите од скопската Брза помош, Ургентниот Центар и дежурните на КАРИЛ кои учествувале во прифаќањето, транспортот и третманот на починатиот ракометар Денис Тот во текот на денот треба да ги достават своите изјави во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во каква состојба бил најден и примен во болница ракометарот. Инспекторите вчера извршиле увид во документацијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавено ВИДЕО од моментот на убиството на ракометарот Денис Тот

Вознемирувачка снимка од моментот на физичкиот напад и убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) се појави денеска на twitter , на кој се гледа бруталноста на напаѓачите пред скопската дискотека „Привилиџ“. Тот почина нецели 24 часа после нападот откако во тешка состојба беше примен на интензивна нега на КАРИЛ, на скопската клиника, а двајца […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРОЈЦА, МЕЃУ КОИ И 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВО НА РАКОМЕТАРОТ ДЕНИС ТОТ

Тројца, меѓу кои и 19-годишна девојка се осомничени за убиство на хрватскиот ракометрар на Бутел, Денис Тот, кој вчера почина на КАРИЛ, соопшти Обвинителството. Двајца од осомничените се лишени од слобода и денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот се трага и е распишан централен […]

______________________________________________________________________________________________________

Ковачевски ја прифати оставката на Зекири: Очекувам целосно независна постапка од Обвинителството

Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството. -Очекувам целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1