Две жени, еден маж и дванаесет деца, идеален брак без кавги и љубомора


Семејството на Агим Османи избегало од Косово пред 13 години и сега го сочинуваат 15 членови, дванаесет деца Агим и неговите две жени. Постарата сопруга Фљури (38) му родила 8 деца, а помладата Мирјана (36) четири. И двете се согласуваат одлично. Сите заедно живеат во трошна барака од две простории. Фљури тврди дека повеќе нема да раѓа, но Мирјана не е сигурна по однос на ова прашање.

– Поради немирите на Косово пред тринаесет години избегавме и сега иако во лоши услови, иако немаме друг избор, живееме и се сложуваме одлично. За враќање назад не ни размислуваме бидејќи мислиме дека таму животот би ни бил многу потежок. Овдека барем имаме мир и слобода, а за леб колку толку заработуваме. Се уште немаме државјанство, но дознавме, дека на Косово не не чека светла иднина, раскажува Агим Османи, глава на петнаесетчленото семејство.

Фљури вели дека здравјето и е влошено поради немаштијата и тешкиот живот.

– Станав многу нервозна. Целата сила која ми преостана ја посветувам во куќата и за децата, како за мојте така и за децата на Мирјана, вели Фљури.

Агим Османи вели дека Мирјана дошла да живее со нив пред тринаесет години. Фљури додава дека поминатото заедничко време помогнало да станат најдобри пријателки.

– Не сум љубоморна. На почетокот бев и љубоморна и несреќна, но сега тоа е минато. Немав каде да одам, а потоа убаво размислив и сватив дека подобро е да останам тука отколку на улица. Немам потреба да се враќам во минатото. Можеби господ за нас токму таква судбина скроил. Нема назад, вели Фљури.

Фљури: Сега повеќе ја сакам Мирјана отколку Агим

Што се однесува на мажот, Фљури вели дека последниве години и го препуштила на Мирјана.

– Му го подари најголемото богатство, осум деца. Што ќе ми е повеќе. Сега повеќе ја сакам Мирјана отколку него. На прв поглед Мирјана ми изгледаше премлада, што и ме нервираше, но после, кога почнавме да живееме заедно и заедно ги преживувавме сите животни проблеми, ја прифатив како сестра. Многу ми е жал што се мачи, како и сите ние. Особено е тешко со болно девојче, но се надевам дека наскоро ќе оздрави, вели Фљури.

Мирјана на почетокот мислела дека никогаш нема да може да живее заедно со Фљури, но со тек на време, како што вели, сватила дека животот тоа и го наметнал и дека не може да биде поинаку. Љубовта ипочитта помеѓу двете жени се чувствува. Двете се натпреваруваат која повеќе ќе и помогне на другата.

– Кога се омажив за Агим знаев дека има друга жена. Се плашев од тоа како ќе бидам прифатена. Меѓутоа, се помина подобро од тоа што очекував. Ние две добро се согласуваме. Понекогаш човек не може ни да сонува на што се може да се навикне, вели Мирјана.

Седумгодишното девојче на Мирјана има пречки во развојот, додека останатите деца се здрави.

– Не може ни да зборува, ниту да оди. Успеавме со помош на телевизиите да се избориме конзилиумот да се состане и да не испрати во Луксембург на лечење. Верувам дека моето девојче таму можеби ќе прооди, само што ни се потребни многу средства за тоа, додава Мирјана.

Во изнајмениот стан Османи има пет кревети, телевизор и мал шифоњер за детската гардероба која им ја дале комшиите На подот има остарени теписони, а хартија наместо завеса служи како изолација. На шпоретот пет огромни лонци со вода која ја носат од блискиот извор. Ја обложиле куќата со хартија за да им биде потопло.

 

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1