ФОТО: Која е мистериозната „жена во црвено“ од протестите во Турција?


Фотографијата на која има жена во црвен фустан а која полицаецот од непосредна близина ја прска со солзавец, стана симбол на протестите во Турција против исламистичките власти и премиерот Реџеп Таип Ердоган.

1crveno500

Оваа жена, како и многу други нејзини сонароднички се грижат за правата на жената и се бори против носење на жнскиот превез во традиционално секуларна Турција.

Немирите со полицијата во оваа земја не престануваат.Во црвен летен фустан, со синџир околу врат и бела чанта преку рамо, оваа Турчинка изгледа како да се наоѓа на забава во некоја летна градина но секако доколку го немаше полицаецот кој одзади ја прска со солзавец.

Британскиот таблоид „Дејли Мејл“ пишува дека оваа фотографија безброј пати е поделена на друштвените мрежи, а се најде и на постери и лепенки, со што „Жената во црвено“ стана симбол на сите жени кои демонстрираат на антивладините протести во Истанбул.

2crveno500

crveno500– Таа фотографија ја покажува суштината на овие протести.

Насилството од полицијата врз мирните демонстранти, луѓето кои само сакаат да се заштитат себе си и она што го сметаат за вредно, вели Езра, студентка по математика од Бешикташ, кварт во Истанбул кој е еден од епицентарот на демонстрациите.

На ѕидовите на зградите во најголемиот турски град се залепени постери од непознат уметник на кои жената изгледа многу поголема од полицаецот.

На постерот пишува: „Колку повеќе прскате со солзавец, толку повеќе ние сме поголеми“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1