Имате право на 20 дена одмор – газдите мора да ви го дадат !!


Во пресрет на сезоната на годишни одмори, потсетување до менаџерите и сопствениците како на приватниот сектор така и на медиумите – правото на  платен годишен одмор е уставно загарантирано право (член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија).

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

ВАЖНО ЗА ГАЗДИТЕ – Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

СЕТО ОВА ВАЖИ И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ – НОВИНАРИТЕ ПОТСЕТУВААТ ОД ССНМ.

Доколку вашиот газда се обидува да ви каже поинаку можете анонимно да го пријавите. секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени. Доколку вашите права се ускратени можете анонимно да пријавите во трудовата инспекција. и најважното правило НЕ ПОТПИШУВАЈТЕ НИШТО СО ШТО НЕ СЕ СЛОЖУВАТЕ!!!!!!

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

Current day month ye@r *

заработка преку интернет - најдобри paid-per-click сајтови во 2013

  • - 0.02$ по клик
  • - на интернет од 2008
  • - минимална исплата 2$
  • - исплата преку PayPal, Payza, Neteller
  • - 0.02$ по клик, 40% Ref. Commission
  • - на интернет од 2007
  • - минимална исплата 6$
  • - исплата преку PayPal, Payza
  • - 0.011$ по клик
  • - 50% Ref. Commission
  • - минимална исплата 7.99$
  • - исплата преку PayPal, Payza

како да заработите од овие сајтови прочитајте на следниот линк

  • - како да препознаете измама
  • - кои се најдобри стратегии за заработка
  • - и како да наплатите
UA-33057274-1