Сончево и потопло до сабота, од недела нови промени со времето


Сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневната температура се очекува од утре до сабота во земјава.

Foto – flickr.com

Како што најавуваат од УХМР во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.

Дневната температура утре ќе се движи од 16 до 26 степени, во петок од 22 до 28 и во сабота од 23 до 30 степени. Во недела дневната температура ќе биде од 17 до 24 степени, во понеделник од 18 до 25 и во вторник од 20 до 27 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1