Видео: 6 годишно сиромашно дете преживува од доењето од кучка


6 годишниот индиец Чоту Кумар живее во најсиромашните делови на Индија. Немале ниту за храна, а неговата мајка знаејќи дека нејзиното дете е гладно постојано плачела.

Малиот Чоту слабеел и мајката се грижела дека ќе се разболи. Не зборувал , немал енергија ниту сила – а како да има гладен. Понекогаш се случувало да не јаде по 3 дена. Одеднаш малото момче живнало, добило боја на образите – семејството незнаело од што. Кога седнувале да ја делат и таа малку храна што ја имале малиот Чоу велел дека не е гладен и им подавал на останатите на масата. Мајката помислила дека сака другите да јадат, а тој ако треба ќе трпи. Но тоа траело речиси еден месец, кога мајката одлучила да го следи момчето д види дали добива храна од некаде.

,, Морам да признаам дека му бев прво лута, мислев дека некаде добива храна, некој добри луѓе му даваат, а тој сам ја јаде и не ја дели со бртот и со нас, но сликата што ја видов ми го искина срцето,, им раскажала мајката на Чоту на новинарите.

Немајќи за јадење малиот чоту прегладнет бил принуден да се храни со кучешко млеко. Тој се здружил со една кучка – скитник, која штотуку се окучила и освен на нејзините малечки, му дозволувала и на момчето да го пие нејзиното млеко.

,, Живеам со мама, баба и брат ми, брат ми работи ама му даваат само 20 долари месечно и немаме за јадење за сите доволно,, им раскажувал Чоту на новинарите.

Момчето се спријателило со кучката која го доживува како свое дете, па не се буни ниту кога треба да го дои.

,, ме сака и јас ја сакам, никогаш не била агресивна. Си игра со мене а и ме храни, не, не се буни доволно е да легнам да ја фатам за ногата и таа знае дека сум гладен,, раскажува момчето.

Се случувало кучката да додје пред вратата и да завива – да го вика момчето да дојде по својот оброк.

Неговата мајка на почетокот била згрозена од таа слика, но кога видела дека кучката е благонаклонета кон момчето, не се буниела бидејќи била свесна дека нејзиното дете е гладно и среќна била што се вратила детската живост во него.

Соседите пак биле згрозени но и загрижени дека момчето може да добие некоја заразна болест од кучето и да ги зарази другите деца и случајот го пријавиле во полиција.

Момчето сега оди на училиште каде добива по еден оброк дневно, а преку социјалната служба неговото семејство добива помош во храна.

Но Чото не се откачува од куката вели му било слатко.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1