Здравко Чолиќ ги извиси обожавателките


Најавата за доаѓањето на Здравко Чолиќ по повод вечерашниот концерт во Охрид, видно ги вознемири и возбуди неговите обожавателки.

Според наши извори три помлади обожавателки, уште пред неколку дена заминале во Охрид за да бидат во тек со целата организација и да дојдат до повеќе информации за својот идол.

Но тоа не е ништо. Две средовечни познанички на Чолиќ вчера цел ден и цела ноќ го чекале во хотелот на Водно знаејќи дека тоа му е омиленото место за претстој во Скопје.

Попладнето им се приклучиле други обожавателки. Персоналот бил многу љубезен и ги нагостил обожавателките кои останале доцна во ноќта, но неоткрил ниедна информација за својот ценет гостин.

Кога веќе ја изгубиле последната надеж дека Чолиќ ќе дојде во хотелот се упатиле дирекно кон Охрид.

Чолиќ често има вакви и слични доживувања со обожавателките од цел Балкан, а уште ја паметиме госпоѓата Мајда од Бања Лука која плачеше кога го виде, а паметиме и една млада девојка на една висока зграда која се префрлала од балкон на балкон за да му влезе во соба и чиста среќа што сето тоа не завршило кобно.

Незнаеме дали на Чола му е лесно или тешко, но штом трае со децении како најголема ѕвезда а жените се спремни се да направат за него дефинитивно Чолиќ добро си ја знае својата работа. А голем број организаторки му прават концерт само за да бидат еден ден во негова близина.

Којзнае тој вечер со што ќе ги изненади своите обожавателки на концертот во Охрид.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1