10 дена лежеле мртви во мотелот – момчето и девојката биле голи и во фаза на распаѓање


Кашмир и Ѓулчан Исовски трагично ја завршија својата љубов. 10 дена лежеле мртви во собата во мотелот а се претпоставува дека починале од предозирање. Кашмир фатил лош пат со дрогата велат оние кои го познавале.

Безживотните тела на момчето и девојката биле најдени на кревет покрај тоалетот во собата во мотелот „Пржо“ во Битола, без облека, во фаза на распаѓање. Mажот на 33 годишна возраст и 27-годишната жена, лежеле еден до друг без облека на себе. motel bitola

Телата на починатите ги нашле вработени во мотелот во понеделникот околу 16.30 часот, откако се посомневале, бидејќи од собата никој подолг период не влегувал и не излегувал. Вратата била насилно отворено, бидејќи била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.

Засега од полицијата не соопштуваат дали на телата на починатите имало траги на насилство, и како настапила смртта.

Од СВР Битола велат дека обдукцијата не е завршена и дотогаш не можат да даваат информации за причините за смртта.

Во собата во мотелот биле најдени документи за идентификација и увидната екипа и констатирала дека станува збор за триесет итригодишниот И.К. и дваесет иседумгодишната И.Ѓ од Битола.

Момчето ја изнајмило собата на 24-ти октомври за неколку дена, и подолго време никој не излегувал од неа. Смртта ја констатирала екипа на итната медицинска помош од Битола.

Таткотот на 33 годишниот маж на 26 октомври пријавил дека неговиот син е исчезнат.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1