Маж на околу 35 години, со ниско образование, невработен, живее во град, оженет и има деца – ова е генералниот профил на педофилите покажала анализата на податоците од Посебниот регистар за осудени лица за педофилија. Каде има регистрирано 103 педофили.
Најчесто жртви се (67 %), деца од 12 до 14 години. Најмалата жртва била на 3 годишна возраст 92% од сторителите се мажи, 8 % жени. Родосквернавење има 5,8 проценти.
,,Генерална оценка е дека – повеќе деца жртви се од женски пол отколку од машки, најмалата жртва е дете на 3 годишна возраст, најголема е стапката на деца – жртви на 13- годишна возраст. Најголема возрасна разлика помеѓу сторителот и детето – жртва на сексуална злоупотреба е 65 години каде сторителот е 73 години а детето 8 години. Едно дете – жртва е со пречки во развојот и е на 8 години, 9 деца се сексуално злоставувани од своите татковци, вели министерот за труд и социјална политика Спиро Ристески.
Најстрогата казна за педофилите е 15 години затвор, но во пракса овие сторители добиваат по 4 години затвор. За трговија со дете највисока е казната затвор од 8 години, а најниска изречена казна е година дена затвор.