На машката плажа во Струга скутерџија со предниот дел од моторот удрил во 11 годишно девојче од Тетово кое си играло на плажата. Скутерџијата избегал од местото и го оставил скутерот во вода.
Девојчето А.И. родена 2001 година, била повредена на десната потколеница. Пренесено било веднаш во струшката болница и по укажаната лекарска помош пуштено е на домашно лекување.
Охридската полиција најави дека од денеска ќе почнат со интензивни патроли по Охридското Езеро во соработка со езерската полиција. Ова е втор инцидент на со несовесни скутери за само два дена. Завчера скутерџија повреди 21-годишно момче додека се сончало на педалинка во близина на машката плажа.