1200 летови на Луфтханза откажани – утре нема летање



Поради најавениот штрајк на помошниот летечки персонал, германската авиокомпанија „Луфтханза“ за утре откажува околу 1200 летови, јави дојче веле.

Кабинскиот персонал утре ќе одржи целодневен штрајк на сите аеродроми во Германија. Бараат зголемување на платите за 5 насто. Компанијата пак сака вработените да се согласни со можни откази, да работат по 2 часа подолго, а им нуди 3,2 насто поголеми плати.

Синдикатото беше дециден дека ќе стапи и во генерален штрајк се до исполнување на барањата – откажувањето на летовите носи големи загуби за Луфтханза, а погодени се над 30 000 патници.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1