Вирусот Западен Нил се прелеа и во Хрватска – Дали е Македонија подготвена


Вирусот Западен Нил кој го пренесуваат комарци, од Србија се прелеа и во Хрватска. Регистриран е првиот заболен, пациент од Славонски Брoд.

Пациентот бил во Србија неодамна и по враќањето развил симптоми на вирусот. Резултатите покажале дека пациентот е заболен од овој вирус, јавува дневник.хр.

Болеста ја пренесуваат комарци од типот Culex (кој ги има и во Хрватска)

Ова е прв случај на овој вирус во Хрватска, сега се испитуваат и животните. Ветеринарите добиле информација дека кај неколку случаи постоел контакт со вирусот и се чека на резултатите се вели во соопштението од Хрватскиот завод за јавно здравство.

Во Македонија досега нема регистрирано случај, а по паниката во Србија од македонското министерство за здравство изјавија дека има доволно тестови доколку се јави потреба. Засега во Македонија ниту еден пациент не се јавил со симптоми на вирусот Западен Нил.

Share Button

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1