Во науката веруваме! На повидок лек против тумор на мозокот!?


Научниците го пронајдоа биомаркерот наменет за најсмртоносната форма на тумор на мозокот, глиобластома мултиформа.

Тие откриле дека со откривањето на овој биомаркер и со негова употреба како потенцијален лек, тие би биле способни да го спречат растот и враќањето на болеста.

Ова истражување било спроведено од страна на научниците во A*STAR институтот за Медицинска Биологија, предводено од доктор Праба Сампат, главен истражувач, во соработка со Биоинформатичкиот Институт на A*STAR, како и со клинички соработници од Медицинскиот Универзитет во Граз, Австрија и Националниот Универзитет во Сингапур. Откритието на ова истражување било објавено на 23-ти Август годинава, во научното списание, Cell Reports.

Научниците откриле дека биомаркерот miR-138, има големо влијание врз канцерогените стем клетки споредено со нормалните нервни стем клетки. Со ин-витро постапка тие направиле експеримент каде овој биомаркер го употребиле врз канцерогените стем клетки во форма на потенцијален лек antimiR-138, со цел да може да го следат ефектот. При овој експеримент тие забележале дека со намалувањето на количеството на биомаркерот, канцерогените стем клетки целосно биле уништени. Ова е многу важно епохално откритие, бидејќи моменталните терапии како што е гама зрачењето и хируршките методи, докажано е дека се несоодветни во третманот на оваа болест, бидејќи со нив, туморот има тенденција повторно да го започне својот раст од канцерогените стем клетки кои не биле уништени и да стане неверојатно смртоносен.

„Во оваа студија ние успеавме да го пронајдеме главниот регулатор, miR-138, кој е неопходен за да се спречи развојот и враќањето на најсмртоносниот вид тумор на мозокот. Со откривањето на овој регулатор можеме ефикасно да го спречиме враќањето на болеста. Ова ветува многу во зацврстувањето на патот по кој одиме за да ја достигнеме целта и да го најдеме најновиот и најсоодветниот начин на успешен третман на агресивни видови на рак на мозокот“ – изјавил доктор Сампат.

Оваа студија исто така била спроведена и врз лабараториски глувци со цел да се докаже ин-виво десјтвото на antimiR-138. Овој експеримент вклучил и контролен лек, при што било докажано дека кај глувците кај кои бил инјектиран контролниот лек се забележала враќање на болеста, а пак кај оние кои ја примиле инјекцијата со antimiR-138, бил забележан застој на развојот на туморот, како и изумирање на веќе постоечките туморни клетки, по деветмесечен третман со овој потенцијален лек.

Доктор Алан Колман, извршен директор на Здружението за Стем Клетки во Сингапур, изјавил : – Малигните форми на тумор се најсмртоносната форма на тумор на мозокот. Досега е докажано дека отпорноста врз хемотерапијата од страна на овој вид рак се должи на присуството на гилома стем клетките (GSCs).

Во научниот труд, Сампат и неговите колеги изложуваат дека кај туморите кои ги имаат овие гилома стем клетки, се забележува истиснување на microRNA-138 (miR-138) од нивна страна и дека со ова целно отстранување на RNA, значајно се намалува растот и преживувањето на гилома стем клетките, забележано во клеточната култура. Овој труд го означува можното огромно значење на miR-138 како навестувачки лек кој би ја вратил надежта и вербата за излекување од најсмртоносната болест. Исто така била предложена и синтеза на miR-138 со цел тераписка интервенција на овој вид тумор.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1