13 годишно девојче од Куманово силувано во училишен двор


Малолетно девојче кое имало само 13 години било силувано од нејзиното поранешно момче и неговите двајца другари во училишниот двор на кумановското училиште „Наце Буѓони“.

На петти овој месец девојчето се сретнало со 20 годишниот М.Д. со кој претходно било во врска. М.Д. со употреба на сила заедно со своите двајца другари, 20 годишниот О.С. и пет години помалиот Ч.В., извршиле обљуба во училишниот двор.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1