15 годишно дете исчезна во водите на мавровското езеро. Несреќата се случила во непосредна близина на манстирската црква Св Никола попладнево околу 14:30 часот.
15 годишниот Ќ.С. бил на езерото со двајца другари, пливале кога тој исчезнал во водата.
Според полицијата момчето се обидувало да ги стаса другарите и да доплива до платформата одалечена 200 метри од брегот.
Телото сеуште не е пронајдено. Екипи со чамци го пребаруваат езерото.