21.12.2012 е крајот…ама, на Кока Кола?!


На 21.12.2012 година во Боливија и официјално ќе се забрани продажбата на Кока Кола. Овој глобално признат бренд до сега во потполност го игнорираат три земји Куба, Северна Кореја и Бурма.

Министерот за надворешни работи во Боливија изјави дека крајот на еден циклус од Маите ќе означи и крај на Кока Кола во Боливија со што би започнала нова ера без капитализам со што би се прифатила нова култура на живот и заеднички дух.

Со оглед на тоа дека во изминатата година се дознаа премногу податоци за производите и произведувачите на Кола (Пепси и Кока Кола) оваа одлука на Боливија не е за чудење. Пред извесен период објавивме текст кој го открива истражувањето на реномирани научници за двочасовниот ужас што овој пијалок му го предизвикува на организмот, а кој можете да го прочитате ОВДЕ, со истражувањето се тврди дека Кока Кола од нас прави зависници, и информира какви несакани реакции предизвикува овој пијалок.  Според истражувањата покрај поголемите количини на шеќер и киселини Кока Кола содржи и канцерогени хемикалии кои се користат за обојување на сокот.

Секако не смееме да ги заборавиме и многубројните засладувачи како аспартам кој создава голем број на пореметувања и болести, вклучувајќи ги тука ракот и мозочните удари.

Боливија со ова покажа дека има многу интересен пристап за решавање на актуелните еколошки проблеми со тоа што заедно со Еквадор изгласа закон кој на природата и ги дава истите права како и на човекот.

Оваа земја е позната по уште едно интересно „гасење“ на светски познат бренд, Мекдоналдс.

И порај ваквите забрани Претседателот на Боливија Иво Моралес донесол одлука за започнување на кампања за легализација на џвакање на листови од кока и подготовка на чај од ова растение што било вековна традиција на народот во Андама.

Министерот за надворешни работи на Боливија ги повика сите граѓани да престанат да го консумираат овој производ.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1