Мечe во продавница – 7 пати се вратил да си ја заслади душата


Во потрага по храна, едно црно мече успело да влезе во продавница. Освен тоа што се враќало седум пати да се заблажи, мечето не направило никаква штета.

На снимките од контролната камера која била поставена во „Роки Маунтин“ чоколадната фабрика, се гледа како ја отвора влезната врата и се самопослужува со благо. Си зема, излегува, јаде надвор, па пак се враќа. И така неколку пати.

Мечето ја напуштило продавницата откако пред истата се паркирал еден автомобил.

Сопственичката на продавницата за слатки, Џо Адамс, изјавила дека мечето успешно ја отворало вратата затоа што не била убаво затворена.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1