28 год девојка од Тетово погодена во врат од заскитан куршум


 

Додека била на свадба во тетовското село Камењане 28 годишната девојка се здобила со прострелна рана во пределот на вратот. Погодена е од заскитан куршум.

Девојката е оперирана и е во вон животна опасност, пишува sky

Инцидентот се случил нешто по 18 часот. Пронајден е пиштолот, како и чаурата, а полицијата има и осомничен. Според неофицијални информации осомничен е 53 годишен маж.
Ова е трет случј за само неколку дена. Во претходниот гостиварец беше повреден во градниот кош додека бил на гости во двор на блиски роднини. А пред некој ден заскитан куршум помина крај девојчиња кои си играле во дворот од куќата во Чаир и се забил во бетонскиот столб.
Полицијата, ригорозно ќе ги казнува организаторите на веселбите и лицата кои ќе пукаат од огнено оружје и наместо прекршочни ќе поднесуваат кривични пријави.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1