3 жртви од вирусот Западен Нил во Србија


Три лица починале како последица од вирусот Западен Нил кој го пренесуваат комарците.

Информацијата ја потврдил и институтот за инфективни и тропски болести во Белград. Тројцата починати се од Белград и околината, а починале во инфективната клиника, изјавила за српски Курир др Олга Дуловиќ.

,, Во овој момент на клиниката лежат 17 пациенти кај кои вирусот е потврден, 6 од нив се на интезивна нега,, изјавила Дуловиќ

На инфекцијата поподложни биле постарите лица и сите заболени се постари од 60 години. Првиот случај е потврден на 4 септември – жената е лечена во Панчево и е првата жртва која во август почина како последица на вирусот.

Податоците на институтот за вирози, вакцини и серуми ,,Торлак,, вчера биле готови и покажале дека до 31 август 37 лица во Србија се заразени од овој вирус.

Според последните информации од министерството за здравство на Србија утврдено било дека вирусот го пренесуваат локалните обични комарци, а резервоар на вирусот е пронајден кај заболени гаврани.

Повеќе за вирусот ОВДЕ

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1