Добил 52 милиони на лото, а незнаел – го барале месец дена


Месец дена откако беше извлечен добитникот на ,, Мега Милион,, лотаријата во Калифорнија не се знаеше кој е добитникот, ниту пак некој се пријави да ја подигне наградата од 52 милиони долари.

Во очај организаторот на лотаријата објави неколку фотографии снимени од безбедносните камери на продавницата каде било продадено добитното ливче за да евентуално некој го препознае добитникот.

Конечно по 1 месец човекот кој е добитник бил идентификуван. Се работи за Bladimir Agnite, незапослен маж од Фримонт. Изјавил дека незнаел дека станал милионер се додека некои роднини не го препознале на сликите и не му се јавиле да му ја кажат среќната вест.

Парите дошле во вистинско време бидејќи тој неодамна останал без работа. Сега планира да си купи нова куќа, децата да ги прати на колеџ. Неговата сопруга изјавила дека нема да даде отказ во болницата каде работи бидејќи никогаш незнаес што може да се случи утре.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1