Најмалку 30 лица се приведени кои протестираа пред судот во Москва за време на читањето на пресудата за хулиганство на панкерската групата „Пуси рајот“.
Меѓу уапсените е и поранешниот шампион во шах Гари Каспаров и лидерот на Левиот фронт Сергеј Удалцов. Пред судот обични граѓани, панкери, но и многу политичари од опозицијата.
Девојките од панк групата “Пуси рајот” се прогласени за виновни за ,,хулиганство мотивирано со верска омраза” и изречена им е казна од две години затвор. Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Јекатарина Самуцевич виновни се за разгорување на верска омраза и навреда на верниците.