Агенцијата за вработување ќе им помогне на малите претпријатија со парична поддршка во висина од 3 000 евра за секое нововработено лице.
Претпријатијата ќе ги добиваат средствата во вид на кредит со симболична камата.
Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски нагласувајќи дека станува збор за една од мерките кои Владата неодамна ги објави и веќе е во фаза на операционализација.
– Ако вработи десет лица ќе добие 30.000 евра кредит, што за мали микропретпријатија е сериозна сума. Наша задача е да ги помагаме сите и да смислуваме програми и поддршки за сите видови компании, односно за големите, средните и малите, истакна Груевски.
Ваквата поддршка ќе биде добредојдена посебно за многу мали компании кои се многу на број. Тоа се фирми кои најчесто обезбедуваат самовработување, вработување на потесно семејство или евентуално уште неколку вработувања.