Грчки остров сака да се отцепи од Грција и да и се припои на Австрија



Островот Икарија кој се наоѓа во Егејското море  сака да се отцепи од Грција и можеби ќе се спои со Австрија, пренесуваат медиумите во Виена.

Токму денеска истекува стогодишниот договор со кој Икар добил независност од турската империја и се припои кон Грција.
По истекот на договорот, Икарија размислува за отцепување од Атина и да и се приклучи на Австрија.
На овој остров живеат околу 9 илјади жители кои размислуваат да спроведат референдум на кој ќе се изјаснат дали сакаат да бидат дел од Атина или Икарија ќе стане независна.
– Владата уште пред многу години не заборави. Ако нас не може да ни вети нови патишта, нови болници, тогаш и ние можеме сами да одлучиме за отцепување од Атина, изјавува еден жител на Икарија.
– За нас тешко е да бидеме независни. Меѓутоа, можеме да се приклучиме на друга држава, се разбира не Турција, туку на пример на Авсрија, истакнуваат жителите на свеченоста по повод 100 години од договорот.
Икарија се отцепи од Турската империја со граѓански отпор, а турската окупација заврши 1917 година, благодарение на локалниот херој Георгиос Спанос.
Пет месеци Икарија беше независна држава по што островот се соедини со Грција. За време на грчката воена диктатура од 1967 до 1974 Икарија била користена како казнен остров за комунистичките дисиденти.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1