31 годишна кавадарчанка е тешко повредена и е во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.
Повреден е и нејзиниот маж и двете деца. Тие биле во мерцедесот кој се судри со голф со косовски регистерски таблички. Во голфот се повредени мајката и нејзините две деца.
Според полицијата, околу 14 часот дошло до директен судир меѓу мерцедесот со велешка регистрација и голфот.
Очевидци велат дека голфот возел во спротивна насока на автопатот од Велес кон Скопје,додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, кога се судриле директно.