31 годишна жена критично – 4 деца повредени во сообракајка кај Катланово!


31 годишна кавадарчанка е тешко повредена и е во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.
Повреден е и нејзиниот маж и двете деца. Тие биле во мерцедесот кој се судри со голф со косовски регистерски таблички. Во голфот се повредени мајката  и нејзините две деца.kliniki- brza pomos urgenten
Според полицијата, околу 14 часот дошло до директен судир меѓу мерцедесот со велешка регистрација и голфот.
Очевидци велат дека голфот  возел во спротивна насока на автопатот од Велес кон Скопје,додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, кога се судриле директно.
СЕДУМ ПОВРЕДЕНИ: Косовец возел во обратна насока на патот Скопје-Велес
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1