Силно невреме го зафати и Тетово вечерва, регистрирана е и една жртва, четиригодишно девојче, јавува Макфакс.
Несреќата се случила во селото Требош, девојчето со таткои и уште две лица биле во автомобилот во моментот кога врз нив паднало дрво. Девојчето загинало на самото место, а таткото е повреден и е пренесен во клиничкиот центар во Тетово. Како што пишува макфакс, според непотврдени информации, силниот ветар однел и покрив од зградата на Општината во Тетово.