Скопје гори вечерва – најмалку 5 активни пожари


Според командирот на противпожарната бригада во Скопје Благоја Менковски во моментов со Скопје активни се пожари на најмалку 5 локации.

Сите екипи на протипожарните бригади се на терен и се справуваат со огнените јазици кои по песочната бура во Скопје пламнаа на неколку локации.

Гори запалена трева зад салата Расадник во Кисела Вода

Горат објекти во населбата Волково

Запалени објекти и трева во околината на Моране

Гори објект во Студеничане

Запален објект во населбата Драчево

Оган зад плинарата „Нас Гас“

Пожар и во населбата Усје – каде се запалиле два автомобили.

Според информациите од центарот за известување пожари беснеат и над Велес во правец кон село Друтовец.

Голем пожар кај старите турските гробишта во Битола.  Во близина има куќи и бензиска пумпа.  Битолската противпожарна служба е веќе на терен.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1